ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Алијанса за Албанците ги одобри листите со кандидати за градоначалници и советници

Во Централното собрание, Алијанса за Албанците ги одобри листите со кандидати за градоначалници и општински советници. Зијадин Села наведе дека имало дебата во врска со кандидатурата за Општина Боговиње, па кандидатот Албон Џемаили бил избран по гласањето на членовите. Името на кандидатот за Кичево ќе се знае во наредните денови.

„На овие избори ќе настапиме како коалиција Алијанса за Албанците и Алтернатива. Имаме договор со други политички субјекти и овој договор за соработка е објавен во јавноста. Исто како што имавме понуда до нашите противници од ДУИ за директно соочување, тие не го прифатија овој договор и наметнаа друго темпо во трката, на што одговоривме на ист начин. Примарната цел на опозицијата е соборување на власта, примарна цел е нова Влада.“

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button