ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Алијанса за Албанците и Алтернатива го критикуваат мешањето на МВР во нацрт-законот за државјанство

Коалицијата „Алијанса за Албанците и Алтернатива“ бара министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски да одговори кој побарал од него мислење за предлог законот за државјанство. Опозицијата бара одговор и од Владата и од ДУИ за како што велат шовинистички пристап кон нацрт-законот за државјанство.

“Очигледно Владата на СДСМ-ДУИ заедно со братството-единството од поранешна Југославија сега камуфлирана со слоганот” Едно општество за сите ” го враќа монистичкиот менталитет со сите свои одлики . Исто како во времето на комунизмот, кога УБК реагираше на легитимните барања на Албанците, така и денес, за работа на која треба да одговори парламентот, одговара Министерството за внатрешни работи“-изјави Флакрон Беџети, Портпарол на Алијанса за Албанците.

Опозицијата додава дека за предлогот може да се преговара во фазата на поднесување на амандмани.

“За секој предлог-закон се дебатира. Важно е пратениците на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ да  предложат амандмани. Ние сме подготвени да преговараме за тоа и да соработуваме со цел да одговориме на барањето на илјадници албански граѓани кои останаа без државјанство ”-рече Флакрон Беџети, Портпарол на Aлијанса на Албанците.

Од СДСМ велат дека стојат зад мислењето на Оливер Спасовски и дека нивниот пристап кон предлогот како таков бил познат уште од самиот почеток. Социјалдемократите изразуваат подготвеност за преговори со цел законот да се донесе со консензус.

СДСМ:  “Подобрувањата што ќе ги бараме ќе бидат во насока на почитување на меѓународните стандарди за решавање на вакви проблеми. Решението треба да биде систематско и суштинско за да се избегне ефектот дека едно прашање треба да се реши за да се отворат други прашања ”.

Досега, ДУИ немаше став кон мислењето на МВР. Партијата на Али Ахмети при поднесувањето на законот до Собранието изрази подготвеност да го поддржи истиот. ВМРО-ДПМНЕ и Левица се против  предложениот Закон за државјанство во форма во која е доставен до Собранието.

 Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button