ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Алијанса за Албанците и Алтернатива утре ќе одлучи за Кичево

Партиите имаат време уште еден ден да одлучат за нивните кандидатури на локалните избори. Рокот за доставување на кандидатите истекува утре на полноќ. За многу општини, политичките партии веќе ги објавија своите одлуки кои сe уште не се официјализирани.

ВМРО-ДПМНЕ денеска објави 8 нови кандидатури, меѓу кои и онаа на Тимчо Муцунски за Аеродром и Александар Јовановски за Кичево. Во меѓувреме, коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива ја разгледува можноста Мазлам Османи  од редовите на Алтернатива да се кандидира за градоначалник на Кичево, но конечната одлука ќе биде донесена  утре. Другата опција е опозицијата да нема кандидат за оваа општина и  да го поддржи кандидатот Фатмир Лимани. Извори од Алтернатива за Алсат велат дека причината зошто Лимани може да се поддржи е затоа што тој бил единствениот што побарал глас од опозицијата. Од оваа партија не ја исклучуваат можноста да го поддржат  Дехари во вториот круг, доколку тој биде единствениот  албански кандидат кој ќе остане во трката.

Алијансата за Албанците и Алтернатива и ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираа поддршката за независниот кандидат за Град Скопје, Данела Арсовска. Алијанса и Алтернатива нема да гласаат за ВМРО ниту во Куманово.

Владејачките политички партии ги објавија повеќето од своите кандидати. Нивните гласови во првиот круг во Општина Тетово ќе одат за четворицата кандидати, од СДСМ, ДУИ, БЕСА и ДПА. Тие најавија дека ќе се поддржуваат меѓусебно во вториот круг, против кандидатите од опозицијата.

ДИК во понеделник ќе ја добие втората пратка од 950 уреди за идентификација на гласачите преку отпечатоци од прсти.

Според претседателот на ДИК, се преземаат сите мерки за на овие избори да не се повторат пропустите од  претходните избори, со софтверот за објавување на резултатите.

Fatlume Dervishi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button