ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Алијанса за Албанците ќе избира свој лидер

Алијанса за Албанците ќе избира свој лидер

Се уште нема официјална кандидатура за следен претседател на Алијанса за Албанците, но од партијата очекуваат в.д. претседателот Арбен Таравари да поднесе кандидатура. Рокот за поднесување кандидатури е до 28 ноември, а од опозициската партија велат дека право на кандидирање имаат и други членови.

„Точно е дека в.д. претседателот Таравари, експлицитно не ја искажа својата кандидатура, но нормално мислиме дека тој ќе биде кандидат, друга кандидатура, друго име досега немаме. Но, партијата е отворена, секој член на Алијанса за Албанците има право да ја изрази својата кандидатура“,рече Халил Снопче, Алијанса за Албанците.

Снопче вели дека нема ограноци или групи кои се противат на изборот на Таравари.

„Колку што можам да видам, поранешниот лидер Зиадин Села силно го поддржува д-р Таравари, а и пратеничката група го поддржува Таравари. Можеби има одредени поединци како во Централното собрание каде што 2 гласале против, но јас не гледам струи или организирани групи кои се против“, додаде тој.

Самиот Таравари изјави дека ќе се консултира со разграноците за да види дали има поддршка пред официјално да се кандидира.

Вонредниот конгрес на Алијанса за Албанците ќе се одржи на 17 декември. Дотогаш оваа партија е во континуирани средби со ограноците и подограноците, а фокусот е ставен на тетовскиот огранок поради изборниот резултат на последните локални избори./Alsat.mk

Фатлуме Дервиши

 

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button