ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Алијанса за Албанците: „Општина Тетово ангажирала адвокат од Скопје и го искеширала еден милион денари“

Алијансата за Албанците бара појаснувања од Општина Тетово за ангажирањето на адвокат од Скопје кому за 3 месеци му исплатиле околу еден милион денари. Во исто време, велат од Алијанса, десетици вработени во Јавното претпријатие немаат платени придонеси, а платите им доцнат. Општина Тетово одговори дека исплатената цена не ја одредува општината или договорната страна, туку тоа е надоместок утврден од Адвокатската комора.

„Бараме општина Тетово и градоначалничката Теута Арифи што побргу да се изјаснат за овој скандал, да го објават договорот за хонорарот со адвокатот Трајчев, да дадат информации дали имало тендер за ангажирање адвокат по подостапна цена. Да даде одговор кои се критериумите за избор на адвокатот Трајчев, да се покажат причините зошто е назначен за адвокат, заобиколувајќи стотици адвокати од градот Тетово“, izjavi Музафер Етеми, претседател на разгранокот на АА Тетово.

Алсат

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button