ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Алијанса за Албанците предлага трошењето струја да се мери дневно

Алијанса за Албанците излезе со критики и предлози за новата тарифа на струјата. Според нив, мерењето треба да се прави на дневна основа. Тие оценуваат дека Владата потфрлила со проектот за давање субвенции за инвертери бидејќи граѓаните кои ги користат сега лесно би можеле да влезат во рангот на високи и скапи тарифи за струја. (Изјава)

„Предлозите на Регулаторната комисија за енергетика, ако ги погледнеме подетално, ги фаворизираат граѓаните на град Скопје бидејќи градот Скопје има централно греење и најголемиот дел од жителите нема да имаат потреба поинаку да се греат во текот на зимската сезона. Алијанса за Албанците предлага минималната дневна потрошувачка на електрична енергија за дистрибуција низ тарифните блокови да биде следна: Првата блок тарифа од 0 до 15 киловати на час, втората од 16 до 30 киловати, третата од 31 до 45 и четвртата блок тарифа да биде над 46 киловати на час,“ рече Илире Даути, Алијанса за Албанците.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button