ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Алијансата за Албанците за зелената агенда на ДУИ: „Па, тие ја масакрираа животната средина“

Алијансата за Албанците зелената агенда на ДУИ ја смета за уште едно лицемерие. Од оваа партија велат дека со ова Ахмети и ДУИ се откажале од националните права, статусот на ОНА, правдата, премиер Албанец и од сите, како што велат, лажни ветувања во последните 20 години.

„Партија што излезе од војната, од црвено-црниот амблем, премина во сина боја, а денеска се обидува да ги измами граѓаните, особено Албанците, со зелената боја. Без решавање на националните и тематските проблеми како што сакаат да ги именуваат тие, денеска тие рекоа дека ќе се занимаваат со зелени дела. Рамиз Мерко сече дрва секој ден и узурпира зелени површини, додека Ахмети зборува за животната средина. Денеска Тетово нема вода за пиење и има загаден воздух, а Ахмети зборува за квалитетен живот. Денеска Чаир има урбан хаос, без вода и канализација, а Ахмети зборува за екологијата. Денеска општина Липково живее во близина на брана, а нема вода, додека Ахмети зборува за вода и зеленило“, изајви Флакрон Беџети-Портпарол на Алијансата за Албанците.

Младинскиот форум на Алијансата за Албанците одржа акција пред Министерството за животна средина, каде од повеќе општини донесоа симболично количество отпад. Со оваа акција рекоа дека сакаат реата од депониите да ја почувствуваат институциите и државните службеници. Од Алијансата додаваат по октомври албанските општини ќе бидат, како што наведоа од партијата, ослободени и исчистени од режимот на извалканите кадри на ДУИ.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button