СПОРТФУДБАЛ

Алиоски има нов клуб, потпиша договор со Лугано

Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски има нов клуб, откако официјално потпиша договор со швајцарскиот прволигаш Лугано.

Advertisements

По завршетокот на авантурата во Саудиска Арабија, Алиоски одлучи да се врати во Европа и ја прифати понудата на клубот од швајцарската Суперлига. Искусниот лев бек, кој може да игра и како офанзивец по левата страна, со ова го продолжува своето меѓународно искуство во една добро позната срединa.

Алиоски играше за Лугано од 2015 до 2017 година, а во швајцарскиот фудбал тој беше дел и од Јанг Бојс У23 и Шафхаузен. Ова е значаен трансфер и за Лугано, кој добива проверен интернационалец со богато искуство од Премиер лигата (со Лидс Јунајтед), турската Суперлига (со Фенербахче), како и од настапите во дресот на Македонија, за која има над 80 натпревари.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button