ВЕСТИКОШАРКАМАКЕДОНИЈА

Алити: Со новите закони, ќе се деполитизира администрацијата

Понудено е законско решение за прекинување на партиските вработувања во јавната администрација, но не и за деполитизација на нивните шефови. Со предвидените законски измени се очекува да се регулира вработувањето на административци, а не се загрозува изборот на директори и секретари од политичките партии. Тоа е затоа што законот за професионални директори веќе четири години лежи во фиока, пишува Алсат.

„Во сегашната законска рамка, постои таков вакуум што им овозможува на политичките партии да ги ангажираат своите членови, постои систем дека и без тестови, без соодветни документи, тие можат да се вработат во јавниот сектор. Сакаме да го поправиме ова, ако ги видите различните членови од законите што ги предлагаме, ќе видите дека процесот на вработување сега е многу потранспарентен и постои меритократски систем пред вработување“, рече Адмирим Алити, министер за информатичко општество и администрација.

За да добијат работно место, граѓаните честопати лажеле за нивната националност и со тоа бил злоупотребен Балансерот. Со новите законски измени Алити нагласи дека тоа повеќе нема да може. 

„Точно е дека неодамна многу се зборуваше за злоупотреба на балансерот, со законското решение сега што го имаме има решение и за ова. Имено, отсега нема да може да се злоупотребува, односно кандидатите кои ќе конкурираат за одредено работно место, доколку еднаш се дефинираат како Македонци или Албанци, Турци или која било друга релевантна етничка припадност, тоа веќе нема да можат да го променат“, додава Алити.

Во  однос на законот со кој ќе се овозможи избор на директори, државни секретари и генерални секретари од страна на комисија, по мерит системот, министерот рече дека се уште се работи во таа насока. И додека министерот се фалеше со новите измени, претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски, истакна дека  ако навистина сакаме реформи во јавната администрација, првиот закон што мора да се донесе е тој за избор на раковона служба. Според него, овој закон се блокира бидејќи не им одговара на политичките партии.

Инаку,  и самиот министер за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити, призна дека причината поради која носењето на овој закон оди бавно е затоа што високите лидерски позиции се главниот плен што го добиваат политичките партии по преземањето на власта./Алсат.мк

Ардит Рамадани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button