ЕКОНОМИЈАЗДРАВСТВО

„Алкалоид“ АД Скопје со историско достигнување во третманот на рефлуксен езофагитис

Фармацевтската компанија „Алкалоид“ го претстави новиот течен лек Омепразол за третман на рефлуксен езофагитис и на гастроезофагеална рефлуксна болест кај мали деца кои не можат да голтаат таблети, како и кај возрасни пациенти кои имаат тешкотии со голтањето и за пациенти со поставени сонди за гастрично хранење или геријатриски пациенти.

Овие заболувањa се едни од најчестите во гастроентерохепатологијата, а се манифестираат со враќање на желудочната киселина во хранопроводот, што предизвикува нелагодност и можни долгорочни компликации.

Иновацијата на овој производ Омепразол „Алкалоид“ се заснова на два посебни раствори кои се во пакувањето, и со нивно мешање се добива течен омепразол подготвен за употреба. Производот има пријатен вкус на лимон и ментол и не содржи шеќер, сорбитол и бои.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button