ЕКОНОМИЈА

„Алкалоид“ инвестираше 1,3 милиони евра

Фармацевтската компанија „Алкалоид“ инвестираше 1,3 милиони евра во магацин за фармацевтски суровини и амбалажа согласно препораките и законските прописи за складирање на фармацевтски производи и системот за квалитет. Новиот објект е со површина од над 1.600 квадрати и опфаќа повеќе простории за складирање со посебни услови, како температура и влажност. Има и административни и технички простории. Официјалното пуштање на оваа инвестиција во функција го извршија највисоките лица од управата на Алкалоид.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button