ЕКОНОМИЈА

„Алкалоид“ прогласен за најинвестициска компанија во регионот

Форумот на Инвестициската комора на Западен Балкан ја прогласи фармацевтската компанија Алкалоид, за главна инвестициска компанија во регионот. Алкалоид во последните пет години има регистрирано инвестиции во вредност од 104,1 милиони евра. Станува збор за изградба и проширување на производствени капацитети, капацитети за истражување и развој преку инсталирање современа опрема, лаборатории, технологија, современ софтвер и добро обучен персонал. „Решени сме да останеме во оваа насока и во иднина“, изјави директорот на Алкалоид, Живко Мукаетов. Форумот е заедничка иницијатива на стопанските комори на земјите од Западен Балкан, ко-основан од Европската Унија. Ги застапува интересите на повеќе од 350 илјади компании.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button