СПОРТ

Алкараз: Почит до Синер како играч, а уште повеќе како човек

Карлос Алкараз го доби мега-дуелот во финалето на “АТП Пекинг” против Јаник Синер (2-1) и освои уште еден трофеј. Шпанскиот тенисер по освоениот трофеј не го криеше задоволството, но имаше и пофални зборови за противникот.

Advertisements

„Синер има неверојатна година, апсолутно заслужено е на врвот. Честитки за добрата работа и начинот на игра. Почит до тебе како играч, а уште повеќе како човек. Мило ми е што во Пекинг дојдов со семејството, ме поддржуваа константно. Минавме тешки моменти кои ги надминавме. Чувствувам задоволство на теренот додека играм. Имав одличен турнир, не бев тука минатата година, а затоа сега сè беше одлично. Сакам да играм во Пекинг, турнирот напредува. Многу сум среќен што освоив трофеј тука“, изјави Алкараз.

Со оваа победа Алкараз од следната седмица се враќа на второто место на АТП ранг-листата, на сметка на Александар Зверев. На врвот и натаму ќе биде Синер со огромна предност од 4.000 бода.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button