СПОРТ

Алкараз, во третиот гејм од мечот го предаде дуелот со Монтеиро

Карлос Алкараз никако да се врати во победничка серија. Поради повреда на зглобот мораше да го предаде мечот со Монтеиро на турнирот во Рио де Жанеиро.

Алкараз се мачи да ја најде формата од минатата сезона, но се мачи и со повреди. На турнирот во Рио де Жанеиро, уште во третиот гејм од мечот го предаде дуелот со Монтеиро. При 1-1 во првиот сет, Алкараз го свитка зглобот и не можеше да продолжи.

Му беше укажувана лекарска помош која не вроди со плод и тој мораше да прекине. Алкараз минатата сезона го освои овој турнир, а тоа значи дека ќе загуби бодови на АТП листата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button