СПОРТФОРМУЛА - 1

Алпин, го претстави својот нов болид “А523” во Лондон

Единствениот француски Формула 1 тим, Алпин, вечерва го презентираа својот нов болид А523 на посебна церемонија во Лондон, со што се сите 10 тимови ја покажаа својата машинерија пред стартот на зимското тестирање.

Зад болидот на Алпин оваа сезона ќе бидат Естебан Окон (во својата трета сезона со Алпин) и неговиот нов колега, францускиот сонародник Пјер Гасли, кој доаѓа од Алфа Таури како замена за Фернандо Алонсо. По солидната 2022, во која завршија на четвртото место во генерален пласман и покрај проблемите со постојаноста, целта во 2023 е пробивање во топ 3 на Ф1.

„Во понеделникот беше завршен ‘шејкдаунот’ на болидот во Силверстоун со сите потребни тестови за да се добие чувството на новиот болид. Едвај чекаме А523 да ги покаже вистинските карактеристики во Бахреин“, изјави техничкиот директор на тимот, Мет Харман.

Ф1 тестираањето ќе се оддржи на патеката Сакир во Бахреин од 23 до 25 февруари./Makfax/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button