ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Алсат дознава: Камчев ја понудил Орка Холдинг, Пелагонија, акции и кеш

Новинар: Игор Стефановски

Орка Холдинг, Пелагонија АД Битола, Стопанска банка АД Битола, акции, хартии од вредност, земјишта од Битола и Деллчево. Ова е дел од имотот со кој бизнисменот Орце Камчев гарантира дека нема да избега од државата, дознава Алсат.

Станува збор за сума близу 11 милиони евра, од кои 200.000 евра се кеш. Според информации на Алсат, судиите Зоран Димитриевски, Енвер Беџети и Лирија Елизи одлучувале дали на Камчев треба да му се прифати гаранцијата. Неговите адвокати се задоволни .
„Гаранцијата којашто е понудена од страна на господинот Јордан Камчев е 10 пати поголема од претпоставеното кривично дело и штетата која обвинителството ја бара од сите обвинети во предметот ‘Плацеви на Водно’“, изјави Тони Менкиновски, адвокат на Камчев.

Бизнисменот Камчев одлуката за укинување на неговиот притвор ја дочека во болница, откако му се влошила здравствената состојба. Судијата Илија Трпков му одобри лекување во приватната болница „Систина“, а каква е неговата сегашна здравствена сотојба од болницата не кажуваат повикувајќи се на доверливоста на информации за здравствената состојба на пациентите.

На бизнисменот Камчев се суди за случајот „Плацови на Водно“, каде тој е обвинет за перење пари. За овој случај му се суди и на екс директорот на УБК, Сашо Мијалков. И тој од Шутка излезе со понудена гаранција, која ја прифати Апелација. Тој понуди 11,1 милион евра во недвижности за случајот „Трезор“, имот, кој како што претходно објави Алсат, веќе бил под хипотека во банка, која се согласила хипотеката примарно да биде исплатена на државата, во случај на Мијалков да избега. Републичкиот обвинител Љубомир Јовески јавно кажа дека станува збор за Комерцијална банка од каде пак соопштија дека не тие, туку Апелациониот суд му го укина притворот на МИјалков. Од банката појаснија дека тие од хипотеката не се откажани, туку се согласни државата да има прв приоритет наместо банката./Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button