ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Алсат“ ексклузивно ги снимаше оригиналните верзии на најстарите документи што ги поседува Државниот архив на Македонија

Алсат“ ексклузивно ги снимаше оригиналните верзии на најстарите документи што ги поседува Државниот архив на Македонија

Она што го гледате на снимката е најстариот оригинален документ што го поседува Државниот архив на Македонија. Станува збор за фрагмент од Евангелието на Свети Лука од XII век, напишан рачно со старогрчко писмо материјал добиен од животинска кожа кој се користел за пишување уште од II век п.н.е. како замена за папирусот.
Вредноста на овој фрагмент, стар повеќе од 800 години, се оценува како колосална. Тој е дел од Архивот од 1970 година, благодарение на познатата трговска фамилија Робеви од Охрид, кои дејствувале низ Балканот и Европа од 16 до 20 век.
Покрај него, и документот што го гледате на снимката припаѓа на првата категорија. Од Архивот објаснуваат дека станува збор за фрагмент од словенски црковен документ од XIII век.
Во Државниот архив се чуваат вкупно 7.769 архивски фонда од различни историски периоди. Вкупно има околу 70.000 архивски книги, 382 збирки, како и бројни материјали снимени на микрофилм. Архивот располага и со богата збирка документи од периодот на Отоманската Империја. Документот што го гледате е оригинал на ферман – писмена наредба од султанот од XVII век.
Следниот документ е т.н. „берат“ – указ на Отоманската Империја со кој се именува лице за служба во државната администрација или војската.
Понатаму, прикажана е и збирка апокрифи од XVI век, кои според објаснувањата од Архивот, се напишани на старословенски јазик со грчка азбука. Овој материјал се смета за едно од највредните богатства на Архивот.
Во Архивот се наоѓа и збирката на отомански записи на Кадијата за судски постапки. Тие се од Судот во Битола и го опфаќаат периодот од1607 до 1912 година.
Директорката на Архивот, Наташа Котлар, истакнува дека Архивот располага со значајни документи од прва категорија, со што може да се спореди со архивите во европските држави.
Сепак, разликата меѓу европските држави и Македонија лежи во недоволната грижа./Алсат.мк

Advertisements

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button