ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Алсат: МВР достави казни за 8 лица од по 20 евра за „седенката“ на ДУИ

Алсат од извори во МВР дознава дека веќе се испратени 8 платни налози од по 20 евра за дел од гостите во кабинетот на Артан Груби. Меѓу нив се лидерот Али Ахмети, домаќинот Груби, како и за Бујар Османи. Во меѓувреме, надлежните институции работат и на нови казни кои се однесуваат на забраната за јавно групирање на повеќе од 4 лица.
Шеесет и вториот роденден на Али Ахмети и пуштањето во употреба на просториите во новата барокна зграда од 14 милиони евра, каде ќе биде седиштето на новото Министерство за политички систем беше повод најтесното раководство на ДУИ пред два дена да се собере на седенка во објектот без маски и без растојание.
Веќе два дена случајот го истражува и Инспекцискиот совет, а фотографијата стана вирална низ социјалните мрежи.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button