ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Алтернатива: Ја поддржуваме ТВ Алсат-М за нејзините имотни права

Партијата Алтернатива преку соопштение ја поддржа телевизијата Алсат за правото на нејзина сопственост, оценувајќи го овој случај  како притисок врз слободата на говорот.

Ова е целосниот одговор на Алтернатива:

Како што сите сме информирани, националната телевизија „Алсат-М“ се соочува со имотно-правен проблем, ризикувајќи да загуби дел од имотот што го има во ТЦ „Мавровка“ во Скопје.

По следењето на овој настан, можеме да заклучиме дека во овој случај се работи со притисок врз слободата на говорот или се работи за грешки на државните институции, чија цена ја плаќаат медиумите, во случајов „Алсат-М“.

Грижејќи се да не ја преземе улогата на судија, Алтернатива смета дека на овој начин се врши притисок врз медиумите, во случајов врз националната телевизија – основана од албанска компанија – која со години служи како модел за градење мултидисциплинарно општество во нашата земја. Дури и да го прифатиме институционалното објаснување дека не се работи за притисоци, туку за правни прашања, фактот што е оштетен медиум од вакво ниво и со оваа информациска тежина, зборува многу за државата што ја изградивме со години и за штетите што се  направени. Не е оправдано медиумите или граѓаните да ја плаќаат сметката за грешките направени од институциите.

Поради оваа причина, Алтернатива ќе се ангажира во владините институции да го прекинат овој притисок врз ТВ „Алсат-М“, а во оваа прилика ја повикува власта да не дозволи ваквата штета да ја уништи довербата во институциите.

Во оваа прилика нагласуваме дека ова е уште една причина зошто треба да се забрза процесот на дигитализација на администрацијата, за што работиме во Министерството за информатичко општество и администрација, со цел да се продлабочи меѓуинституционалната соработка и да се избегнат ваквите грешки. .

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button