ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

„Алтернатива“ во иднина ќе расправа за резултатите од локалните избори

Партијата Алтернатива не донесе никаква одлука на синоќешната средба на тесното претседателство. Оттаму најавуваат дека во наредните денови партиските тела ќе расправаат за резултатите од локалните избори и за другите актуелни случувања на политичката сцена, а потоа ќе го соопштат својот став. Во текот на оваа недела нема да има конкретни одлуки. Од Алтернатива велат дека сè што се зборува во јавноста е шпекулација и обид за притисок врз партијата. Во меѓувреме, Алсат дознава дека од завршувањето на вториот круг од изборите, во партиските органи има незадоволство поради лошите резултати, особено во општините во скопскиот регион, во Куманово и во Липково. Од тие причини не е исклучена можноста да се разговара и за прашањето за одговорност.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button