МАКЕДОНИЈА

Амандманска расправа за предлог буџетот

Во собранието и денеска продолжи расправата за предлог буџетот на државата. Во матичната комисија опозицијата и власта со свои аргументи дебатираа за поднесените амандмани. Енергетската криза, инфлацијата, капиталните инвестиции, животна средина, беа само дел од од денешните теми на кои дебатираа пратениците.

„Тоа што сите очекувваме да се случи оваа година, тоа е поради промената и кризата, а особено кризата со енергенси, дека ќе има загадување. Тоа го кажа и претседателот на Енергетската комисија, и доктори соопштија дека ќе има големо загадување, дека оваа зима ќе биде многу тешка. И покрај тоа буџетот предвиден за квалитетен воздух е намален за 20 отсто“, рече Велика Стојкова Серафимовска – ВМРО-ДПМНЕ.

„Со предлог буџетот на Министерството за животна средина за 2023 година преку програмата 24 квалитет на воздух, обезбедени се веќе два милиони денари согласно програмата на владата“, вели Филип Николовски -Заменик министер за финансии.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button