ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Амбулантата во Ѓорче Петров работи во мизерни хигиенски и еколошки услови

Пукнатини во ѕидовите, мувла и влага се само дел од сликите што камерата Алсат ги сними во амбулантата во Ѓорче Петров 2 во Скопје. Оваа амбуланта, која има седум одинанции, постои од 1963 година и оттогаш не е направена реконструкција. Аглаица Димова работи како стоматолог 32 години. Таа вели дека амбулантата е пред колапс и дека е многу тешко да се одржи хигиената.

Оваа амбуланта опфаќа 21 село во регионот на Дервен и има 24 часовна услуга. Пациентите се разочарани од властите кои со децении ветуваа дека ќе изградат нова амбуланта.

„Овој објект е од времето на Југославија. Имам 53 години, во оваа амбуланта никогаш немало ништо поправено. Колку што знам, сите амбуланти останаа исти уште од Југославија, нема напредок. Нема доверба, само лаги. Секоја партија што ќе дојде само лаже“, изјави Жител на општина Ѓорче Петров.

Последното ветување беше дека до 15 јули овој објект ќе биде урнат и таму ќе биде сместена една од модуларните болници што беа изградени за време на пандемијата.

Сепак, лекарите не веруваат дека ова ветување ќе се оствари.

Пред 58 години оваа амбуланта беше изградена од британската влада. АЛСАТ упати прашања до Министерството за здравство во врска со судбината на оваа амбуланта, но не добивме одговор.

Вјолца Алити

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button