СПОРТ

АМС додели ваучери за клубови, неколку клубови се незадоволни

Агенцијата за млади и спорт (АМЦ) го објави списокот на клубови кои ќе користат спортски ваучер. Екипата на Вардар во ракомет, од Агенцијата за млади и спорт, го доби највисокиот ваучер меѓу ракометните клубови во износ од 310 илјади евра, следни се Еурофарм Пелистер и Металург со по 285 илјади евра. Кај фудбалските екипи, највисокиот ваучер и припадна на Шкендија во износ од 175 илјади евра, пред ФК Шкупи со 162 илјади евра, Ренова со 145 илјади и Вардар со 136 илјади евра. Во кошарка, МЗТ Скопје доби ваучер вреден 13 милиони денари или 210 илјади евра. Меѓу спортските федерации најмногу доби ракометната и тоа 260 илјади евра, а потоа следи кошаркарската со 226 илјади евра, додека оваа година, Фудбалската федерација на Македонија не доби ваучер за спорт од Агенцијата за млади и спорт . Некои спортски клубови го изразија своето незадоволство од вредноста, но и занемарувањето во процесот на распределба на спортските ваучери.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button