ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Аналитичари, руското влијание врз европските перспективи на земјава

Русија сè уште користи разни средства за да има влијание и да ја оддалечи земјава од европските вредности. Експертите ја предупредуваат земјава како членка на НАТО да биде будна и внимателна, поради исклучително чувствителните информации на Алијансата со кои работи.

„Русија користи културни, духовни и религиозни линии за да го зголеми своето влијание. Ова влијание, ако се комбинира со влијанието на услугите и влијанието преку социјалните мрежи, медиумите и лажните вести, мислам дека произведуваат резултати кои не се сразмерни со трошоците што ги плаќа Русија. Бидејќи имаме ЕУ која досега инвестираше околу 1,5 милијарди евра во директни инвестиции во Северна Македонија, во истиот период Русија инвестираше овде само 50 милиони“, вели Џелал Незири, новинар.

Продеканот на Факултетот за безбедност, Марјан Ѓуровски, инсистира на тоа дека позицијата на земјава треба да биде јасна во однос и на Украина и на настаните во Москва.

Новинарот Џелал Незири предупредува дека Русија има опасна понуда за земјата.

„Имаме обид Русија да спроведе проект кој започна одамна, Евроазиска унија, со која нормално се обидува да ги привлече земјите од регионот да се приклучат на таа Унија, како алтернатива на ЕУ“, додава Незири.

Инаку, македонската влада неколку пати изјавуваше дека не сака никаква соработка со Русија бидејќи сме членка на НАТО, како во случајот со вакцините „Спутњик В“, но потоа, откако се најде во теснец бидејќи немаше од каде да се набават, обезбеди вакцини и од Москва.

Анеса Салиху

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button