ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Аналитичари за Буџетот 2024: „Низок раст, висок дефицит“

Економистите го критикуваат предлог буџетот кој вчера доби зелено светло од Владата. Експертите проценуваат дека парите што ќе недостасуваат, поточно 545 милиони евра, ќе бидат позајмени по високи каматни стапки, а дел од нив ќе бидат заштедени од некапитални инвестиции. Според професорот Сами Бислими, економскиот раст од 2,3% е исклучително низок, а Бруто домашниот производ едвај ќе биде 3,4% повеќе од оваа година.

„Секоја година не ги реализираме капиталните инвестиции, се трошат буџетски средства, а речиси ништо не се вложува з зголемување на производствениот капацитет на стопанството. Од каде ќе ги добиете тие пари? Фискалниот притисок е невозможно да се зголеми бидејќи се соочуваме со проблемот на ниска продуктивност и ниска стапка на економски раст“, рече Бислими.

Платите во јавниот сектор, односно само за централната власт се предвидува да бидат близу 670 милиони евра, додека за пензии една милијарда и 360 милиони.

Реакции денеска имаше и од ВМРО-ДПМНЕ. Од опозицијата соопштија дека од 2018 година до денес преку буџетите Владата потрошила 25 милијарди евра, а Македонија стагнира на секое поле, нема учебници, нема лекови, нема покачување на пензиите, велат од ВМРО.

„Ковачевски, СДС и ДУИ имаат предвидено буџет од 5,5 милијарди евра за 2024 година, што е за 2 милијарди повеќе од буџетот за 2018 година. Буџетот за 2024 година е надуен и како и досега не носи развој, туку криминал и корупција. Шест години нема завршен автопат. Кичево – Охрид е во застој, Скопје – Блаце не е ни почнато“, наведуваат од ВМРО.

Но, СДСМ оценуваат дека предлог-буџетот го поддржува економскиот раст.

„Буџетскиот дефицит проектиран на 3,4% од БДП е во согласност со дефиницијата за фискална консолидација. Целта на буџетот е поддршка на економскиот раст, фискална одржливост и редовна исплата на сите обврски од државниот буџет – повисоки плати, пензии, социјални права, поддршка на земјоделците, претпријатијата, справување со последиците од светската економска криза“, рекоа од СДСМ.

Инфлацијата догодина се очекува да биде 3,6%, а годинава се очекува да заврши со стапка од 9,2%.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button