ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Аналитичарот Алиу: „ДУИ треба да го разреши Арбер Адеми“

Однесувањето на Арбер Адеми го нарушува угледот за народните избраници. Ова е мислењето на аналитичарот Ќенан Алиу, според кого партијата на Ахмети треба веднаш да го повлече Адеми од позицијата координатор на пратеничка група. Алиу ја опишува постапката на Адеми како фрустрација.

„Лошото однесување на народните претставници воспоставува агресија дури и во голема мера. Ваквото однесување ја нарушува сликата за високата функција во државата, како пратеничката. Затоа сметам дека ваквото однесување на Арбер Адеми може да заврши со јавно извинување, додека политичката партија може да го зголеми својот углед и да преземе одговорност бидејќи тој ја претставува пратеничката група и да го отстрани од функцијата координатор на пратеничката група на ДУИ. Тоа ќе биде баланс за фрустрацијата на функционер кој е млад по возраст“, вели Алиу.

Долгогодишната новинарка и известувач од Собранието, Мира Костиќ, вели дека насилството и провокациите во законодавниот дом не смее да се толерираат.

Во Собранието и порано се случуваа насилни инциденти. Меѓу најсериозните беа оние меѓу пратениците на ДПА и ДУИ Орхан Ибрахими, Реџаил Исмаили, Муса Ибрахими и Беким Фазлиу.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button