СПОРТФУДБАЛ

Анчелоти: Винисиус е подготвен, Белингем има повреда која не е од сериозен карактер

Карло Анчелоти беше прилично расположен за разговор со медиумите и одржа прес-конференција во пресрет на на големото градско дерби меѓу Реал Мадрид и Атлетико Мадрид.

Италијанскиот стратег се осврна и на повредените играчи, но рече дека тимот е силен и без оние на кои не може да смета за овој дуел.

„Имаме многу квалитетни играчи кои можат да одоговорат на задачите. Мачно ми е кога морам Крос и Модриќ да ги оставам на клупата, но имаме жестока конкуренција во средниот ред. Секогаш е болно кога квалитетен играч не го започнува мечот, но некогаш улога игра прагматичноста и компетитивноста“, рече Анчелоти.

Медиумите го прашаа и за двајцата повредени играчи, Винисиус Жуниор и Џуд Белингем, а тренерот изјави дека нивниот настап е во моментов голема непознаница.

„Винисиус е подготвен за настап, но конечната одлука ќе биде донесена пред натпреварот. Ниту јас не знам во моментов дали ќе игра. Можеби ќе започне, а можеби и ќе влезе од клупата. Белингем има повреда која не е од сериозен карактер и се обидуваме да го оспособиме за мечот. Нема да плачам ако не е во комбинација за настап, имаме фудбалери кои може да го заменат“, заврши италијанецот.

Реал Мадрид и Атлетико Мадрид ќе се соочат во првиот голем дерби-натпревар од новата сезона во Примера. „Кралскиот клуб“ има одличен старт и досега собра максимални 15 бодови, додека Атлетико има две победи, една нерешена средба и еден пораз, доволни за седум бода.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button