СПОРТ

Андреа Пирло се враќа на клупата во Серија А

Легендарниот италијански фудбалер Андреа Пирло имаше неуспешен старт на својата тренерска кариера во Јувентус.

По само една сезона тој го напушти Јувентус откако лани ја загуби титулата од Интер, па оваа натпреварувачка година беше без ангажман. Иако имаше понуди од други клубови од Италија, но и странство тој реши да паузира.

Шпекулациите во италијанските медиуми велат дека Пирло летово е подготвен да се врати на работа и дека ќе ја преземе Специја. Актуелниот тренер на овој клуб, Тијаго Мота се очекува да го напушти кормилото за да преземе нов предизвик во кариерата.

Извор: Спорт1

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button