ЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Андреева: Забраната за тенки ќеси ја отежна работата на трговците

Новиот закон со кој се укинува употребата на пластични ќеси ги загрозува фирмите коишто се занимаваат со нивно производство, со што се доведуваат во прашање и работните места, вели во интервју за емисијата „Економски Магазин“ на Алсат Александра Андреева, од Сојуз на стопански комори.

Како што вели таа, во тек е анкета со која е опфатено мислењето на трговците и други субјекти во врска со новите законски одредби.

„Над 70% од трговците се изјасниле дека не биле доволно запознаени со овој закон и дека истиот им го отежнува процесот на работа. Има маркети и пекари, малопродажба каде што забраната за тенките кеси целосно им го отежна процесот, дополнително, затоа што и алтернативата, хартиените кеси, е тешко достапна и економски неисплатлива“, вели Андреева.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button