МАКЕДОНИЈА

Андреева: Зголемувањето на минималната плата не ја зголемува продуктивноста на работниците

Законското зголемување на минималната плата не ја зголемува продуктивноста на трудот, вели во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат, Александра Андреева, потпретседателка на Сојузот на стопански комори. Говорејќи на оваа тема таа додаде:

„Сите меѓународни организации во Македонија во своите трудови објавуваат дека кај нас е енормно ниска продуктивноста на трудот. Ние сме за подобрување на стандардот на граѓаните, но мораме да ги земеме сите параметри во предвид. Тоа зголемување да биде врз основа на пазарен механизам – со зголемување на продуктивноста, за да не се намали мотивот и кај оние попродуктивните вработени“, вели Андреева.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button