
Тренерот Игор Ангеловски го откри списокот на играчи поканети на ЕУРО 2020. Она што може да се види на прв поглед е дека се поканети точно сите играчи кои биле дел од европските квалификации. Во оваа прилика, Ангеловски истакна дека мора да веруваме во себе и да играме со целосна самодоверба и дека ова е вистинскиот пат за позитивни резултати.