ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Анкетна комисија: Случајот со Тони Сали да го вклучи алармот за институциите

Смртта на Тони Сали, кој немаше можност да добие медицинска нега бидејќи немаше никакви документи, треба да биде аларм за државата да спречи повторување на вакви случаи. Во Анкетната комисија за правата на граѓаните, меѓу другото, беше речено дека најголемиот број лица невидливи за државата се од ромската заедница, а тони беше трето дете кое почина во вакви околности.

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска, рече дека за да се знае како да се реши овој проблем, мора да се наведат точните бројки, за лица кои немаат документи.

Пратеникот Елми Азири, рече дека државата не само што треба да брза во решавање на овој проблем, туку дека веќе доцни неколку децении. Затоа апелира до владата и другите опозициски партии да го усвојат Законот за државјанство што е можно поскоро.

„Споменавме уште многу случаи кога за жал починале во државните болници и нивните тела не можеле да се извлечат или имало многу потешкотии, бидејќи формално не постоеја. Ги повикуваме, ги молиме, апелираме и до владиното мнозинство и до опозициските партии, што побргу да го донесат Законот за државјанство. Право на остварување на право на државјанство е право на остварување на право на живот“, рече Елми Азири, АА-Алтернатива.

Овие ставови беа соопштени во рамките на презентацијата на Акциониот план за поддршка на правата на Ромите во нашата земја. Меѓупартиската група ќе биде ангажирана во разгледување на фактичката состојба на терен, почнувајќи од Општина Шуто Оризари, а потоа и во другите општини. Според нив, важна улога треба да играат локалните самоуправи, кои навистина треба да ги знаат потешкотиите со кои се соочуваат недокументираните лица и колку граѓани ги уживаат правата на образование, здравство, култура и друго.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button