ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ансамблот за песни и ора на Албанците, остана без вработени

Ансамблот за песни и ора на Албанците, остана без вработени

Aлбанскиот ансамбл на песни и ора остана без вработени. Ова се должи на не-продолжување на договорите за вработување на 34 игроорци солисти и инструменталисти на оваа институција.. Но, и покрај тоа, на веб-страницата на Ансамблот беа објавени снимки од пробите на настапот на денот на Илинден.

Оваа објава беше доволна да поттикне реакции на уметниците од оваа институција. Солистката Бесарта Муртезани го обвини првиот човек на ансамблот дека се однесува како институцијата да му е приватна сопственост.

„Уште колку треба да ги „голтаме“ скандалите и срамот кога 34 работници се на УЛИЦА и во секој момент чекаат вести, додека првиот човек остана без вработени како ништо да не било, вклучително и за 2 август- Денот на Илинден, каде што никој од видеото што го гледате не е вработен. Ансамблот не е приватна сопственост, не ни го тестирајте трпението! Вратете ги уметниците на работа .Засрамете се малку“, рече Бесарта Муртезани.

Другата солистка на овој Ансамбл, Ера Аземи, бара одговорност од првиот човек на оваа институција. Таа на Фејсбук напиша

„Кој ќе ја преземе одговорноста за овој скандал што им се случува на уметниците во културната установа кои само донесоа гордост на државата и на албанската култура во оваа земја? Бараме одговорност од надлежните органи и што поскоро да го средат статусот на уметниците“, додаде Ера Аземи солист.

Поддршка на вработените дадоа и други уметници. Актерот Хасим Мемиши на социјалните мрежи јавно праша дали има некој одговорен, а вербална пресметка имаше и со поранешниот државен секретар во Министерството за култура, Валмир Азири, кој се обиде да го оправда овој скандал.

Валмир Азири, поранешен државен секретар во Министерството за култура

Хасим, точно те информирам за оваа работа.

Со одлука на новата влада укинати се решенијата на Министерството за финансии за вработувања во сите државни институции, како резултат на оваа одлука не може да се распише конкурс за вработување во ансамблот, поднесени се барања за согласност, но засега нема одговор.

„Хасим Мемиши Сопи

Валмир, во чие име зборуваш? На Министерството за култура, финансии или партија?
Надлежните нека ја решат ситуацијата!

Сулејман Рушити
Валмир Азири, не е така! Новата влада нема врска со ова прашање!

Нема реакција од актуелниот директор на Ансамблот, Шкодран Толај. Заменик министерот за култура Седат Сулејмани вети дека наскоро ќе се реши ова прашање и дека членовите на ансамблот ќе се вратат на своите работни места.

„Работам интензивно во оваа насока и од понеделник ќе ја испратиме согласноста до Министерството за финансии и се надевам дека во најкус можен рок ќе го решиме овој проблем. Знам дека им е тешко на вработените, но ништо не се случи по наша вина“, рече Седат Сулејмани – заменик министер за култура.

Вината е во непродолжувањето на договорите кои истекле во изборниот период, по што Министерството за финансии не одобрило обновување на нивните договори./Алсат.мк

Башким Сулејмани

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button