ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Антикорупциска го оспори пред Уставен Законот за Коридорите 8 и 10Д и побара негово времено суспендирање

Антикорупциска достави Иницијатива пред Уставниот суд за да може судиите да оценат дали Зконот за стратешко партнерство со компанијата Бехтел – Енка е според Уставот или не. Антикорупционерите се решија на овој потег бидејќи сметаат дека целиот процес на избор на оваа моќна американско – турска корпорација да гради автопати низ Македонија е сомнителна. Антикорупционерите сметаат дека Законот овозможува ограничување на конкуренцијата и избегнување на фер натпревар кој да го добие вредниот бизнис. Затоа Антикорупциска побара Уставниот суд да ги сопре сите следни чекори на договарање помеѓу властите и Бехтел Енка, се до носење на конечна одлука од страна на уставните судии.

„Во државата со Закон може да се ограничи примената на други закони само во три исклучителни ситуации. Кога е загрозена безбедноста на државата, животната средина и здравјето на луѓето. Секако дека во содржината на овој Закон не можеме да најдеме ниту една од овие три причини“, вели Сфока Пејоска Дојчиновска, од Антикорупциската комисија.

И пред да се донесен овој спорен Закон, антикорупционерите побараа од претседателот Стево Пендаровски да не го потпишува указот, но тој, експресно, уште истиот ден стави параф на законското решение. Министерот за транспорт Благој Бочварски веќе изјави дека доколку Законот падне на Уставен тој има план Б. Но, денеска, Бочварски не сакаше да го соопшти планот, а од неговиот кабинет не препратија кај првиот вицепремиер во Владата Артан Груби со образложение дека тој го води овој проект. Груби не одговори на повиците на Алсат.

Инаку, Бехтел – Енка според планот на владата треба да ги гради автопатските делници од коридорот осум Тетово – Гостивар – Букојчани и Требеништа – Струга – Ќафасан и делницата од коридорот 10Д Прилеп – Битола. Според експертите, изборот на оваа компанија има сличности со изборот на кинеската Синохидро која го гради автопатот Кичево – Охрид, за кој има судска постапка за функционери од претходната власт.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button