ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Антовски: Владата да најде механизам за затоплување на Скопје

Среде зима и среде енергетска криза, владата мора да изнајде механизам и да им помогне на компаниите за топлинска енергија да испорачаат греење на домаќинската и институциите, рече денеска Стевче Антовски, член на Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ и додаде:

„Почитувани, во 21 век под изговор на т.н. „оптимизиран“ режим, скопјани не ја добиваат потребната топлинска енергија. И покрај покачената цена од 14%, Скопје останува со ладни грејни тела.

Дали навистина компаниите испорачуваат топлинска енергија според Правилата за снабдување и Мрежните правила за дистрибуција на топлина?

Според овие акти во период од 6 до 22 часот во секој дом треба да се постигнува температура од 20 +1 степени целзиусови.

Срамно е што државата дозволува граѓани корисници на греење од Топлана Север, да бидат жртви на долг од институција како Општина Чаир и да ги остави без греење среде зима.

Државата мора да се грижи за своите граѓани, притоа редовни плаќачи на сметките за греење.

Се наталожија толку многу проблеми во енергетиката кои повеќе од јасно е дека СДСМ нема капацитет институционално да ги реши овие проблеми“, рече меѓу другото Антовски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button