ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Апелација може да спречи застарување на делото на Мијалков во „Титаник2“

Апелација може да спречи застарување на делото на Мијалков во „Титаник2“

Додека се бројат деновите пред да стапи застареност на делото „Титаник2“ за поранешниот началник на тајната полиција Сашо Мијалков , со случајот се игра пинг-понг меѓу првостепениот суд и Апелација. На 21 март истекува рокот за поднесување жалби, а досега само Мендух Тачи не се пожалил на двегодишната затворска казна изречена нему и на уште еден обвинет.

На Мијалков делото му застарува за неполни 20 дена, а за да се избегне тоа, според кривичниот суд, пресудата ја доставиле до Апелациониот суд на 7 март, односно пред  истекот на рокот од 15 дена за поднесување жалби. Тие се повикуваат на чл.430 од  Закон за кривична постапка со што, според нив, се овозможува одлуката по жалбата на една странка да важи и на за другите обвинети кои не поднеле жалба.

„Бидејќи законскиот рок од 15 дена за жалби се уште не бил истечен од доставувањето на последната пресуда, судот случајот го испратил до второстепениот суд, а за почитување на правата на странките го зел предвид чл. 430 од Закон за кривична постапка. Доколку второстепениот суд до кој е поднесена жалбата утврди дека причините поради кои е донесено решението во корист на обвинетиот се во корист и на кој било друг обвинет кој не поднел жалба или не се изјаснил во таа насока, ќе постапи согласно законот доколку има ваква жалба“, велат од Кривичен суд – Скопје.

Ова беше неприфатливо за Апелациониот суд кој различно го толкува истиот член од Кривичниот законик. Според нив, овој член важи по истекот на рокот за поднесување жалби, а не порано, па затоа предметот го вратиле во првостепениот суд. Од коалицијата „Сите за правично судење“ потенцираа дека големи се шансите Мијалков да се спаси од кривично гонење и во овој случај, но според нив, Апелација има моќ да го спречи тоа.

„Ако се земе предвид временскиот период што е на располагање до застареноста и времето кое вообичаено му е потребно на второстепениот суд да донесе одлука, сосема е очекувано да има застареност на кривичното дело на Мијалков во овој случај. Но, не е исклучена можноста за спречување на застареноста, доколку Апелациониот суд одлучи да му даде приоритет на овој случај“, реагират од Сите за правични судења.

Бидејќи делото за кое е обвинет Мијалков е до пет години затвор, делото застарува на 7 април годинава, додека останатите обвинети нема да можат да се извлечат со застареноста, бидејќи се товарат за делото за „злоупотреба на службените должности и овластувања“.

Потсетуваме, „Титаник 2“ е случај поврзан со изборни нерегуларности, односно обвинетите по партиска наредба како членови во ДИК поништиле гласање во едно избирачко место во Струмица. Наредбата стигнала од Мијалков кој му се јавил на лидерот на ДПА, Мендух Тачи и членот од оваа партија во ДИК, Бедредин Ибраими, да гласаат да се поништи гласањето во едно гласачко место, иако немало основа за тоа. Обвинети се и Сашо Срцев, Влатко Сајковски и Анета Стефановска. – кои беа членови на ДИК од ВМРО ДПМНЕ./Алсат.мк
Ардит Рамадани

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button