ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Апсење во Тетово, приведени две лица

Тетовската полиција синоќа привела две лица кај кои е пронајдена дрога. Во првиот случај во 00.35 часот во село Камењане приведен е Б.М.(39) од Гостивар.

– При преглед кај него и во возилото „Шевролет Каптива“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал,  биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка со остатоци од марихуана, информираа од СВР Тетово.

Во 03.00 часот на ул.„Борис Кидрич“ во близина на спортската сала во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода П.М.(27) од Тетово.

– При преглед во возилото „Фолксваген Шаран“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал, бил пронајден и одземен кокаин, информираат од СВР Тетово.

Двајцата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button