ЕКОНОМИЈА

Арачиново потрошило пет пати повеќе струја од лани

Три општини во државава, во време на енергетска криза, трошеле повеќе струја од лани. Станува збор за општините арачиново, Студеничани и Лозово. Најголем трошаџија била општина Арачиново која во октомври годинава, споредено со октомври во 2021 година, потрошила за 474 проценти повеќе електрична енергија, што значи дека потрошувачката е речиси 5 пати поголема. Во Студеничани зголемувањето е 11 проценти, а во Лозово е 12 проценти, информираше на денешната прес-конференција министерот за економија, Крешник Бектеши.

„Од 81 општина , 65 општини во октомври постигнале заштеда од најмалку 15 отсто, од нив 12 општини постигнале заштеда поголема од 50 проценти. Шеснаесет општини не успеале да заштедат повеќе од 15%, а само три имале поголема потрошувачка во 2022“, рече Бектеши.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button