ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Арафат Муареми ја тужи Вилма Русковска

Поранешниот директор на Финансиската полиција Арафат Муареми поднесе тужба против поранешната шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска. Ја обвинува дека во некои случаи со своите јавни настапи, иако била свесна, продолжила да презентира погрешни и лажни податоци, да лаже и клевети. Во реакцијата по одлуката на Обвинителството за отфрлање на пријавата против Муареми за немање основа за кривично дело, поранешниот директор на Финансиската полиција вели дека е задоволен што е докажано оти не работел незаконски.

„Одлуките на Обвинителството потврдуваат дека во институцијата на чие чело бев немало нерегуларности и незаконска работа додека бев таму. Како што и претходно посочив, останувам на ставот дека нападот врз мене целосно се должи на нечии намери и интереси, со што се злоупотребува функцијата обвинител со цел да се нанесе штета на мене, на мојот углед и на Управата“, нагласува Муареми во својата реакција.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button