ФУДБАЛ

Аркадиуш Милик нов член на Олимпик Марсеј

Медиумите во Италија известуваат за последните потези на пазарот на фудбалери и дека Аркадиуш Милик е нов член на Олимпик Марсеј. Полскиот напаѓач ќе потпише договор до 2025 година и ќе добива 4,5 милиони евра по сезона.

Во меѓувреме, „Газета дело Спорт“ пишува дека Марио Манџукиќ ќе потпише шестмесечен договор со Милан, со опција за продолжување на соработката со италијанскиот тим, врз основа на резултатите во Серија А. Во меѓувреме, Месут Озил синоќа слета во Истанбул и се очекува во наредните денови да стави потпис на договорот со турскиот тим Фенербахче, откако долго време не беше дел од првиот тим на Арсенал.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button