СПОРТФУДБАЛ

По 7 години, Арсенал меѓу најдобрите 16 екипи во Лигата на Шампионите

Освен што оствари историски триумф против Ленс со тоа што првпат постигна пет гола во едно полувреме, Арсенал синоќа го прекина седумгодишното проклетство и обезбеди пласман меѓу најдобрите 16 во Лигата на Шампионите.

Последен пат таму беше во сезоната 2016/17 кога како првопласиран ја заврши групата А во која се наоѓаа уште ПСЖ, Лудогорец и Базел.

Во осминафиналето доживеа дебакл од Баерн со вкупен резултат 2-10 и потоа следеше повеќегодишен пост кога станува збор за настапите во Лигата на шампионите каде се врати оваа сезона.

И сега Арсенал го освои првото место во својата група и натпреварот против ПСВ во последното коло за „топчииите“ ќе биде од ревијален карактер.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button