ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Арсовска: Не би сакала да навлегувам во политичка пресметка

Ниту една функција не е дадена од сега и засекогаш и доколку постојат некои работи коишто не задоволуваат при реализација на проектите мора да постои соодветна одговорност. Пред она што е јавен интерес не верувам дека треба да се застане во одбрана на која било јавна фунција, изјави денеска градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска.

– Што се однесува до нас ние ќе сториме се што е во наша моќ за да продолжиме да испорачуваме проекти во интерес на Градот. لعبه الروليت Дали ќе биде подобро, дали ќе трпи или ќе биде полошо, времето пред нас ќе каже. العاب كازينو اون لاين Мора да работиме во заштита на интерсот на граѓаните и, пред се, во заштита на средствата кои тие ги даваат за да се реализираат нивните проекти, рече Арсовска на новинарско прашање како ќе се одрази на функционирањето на градот промената на директорите на јавните претпријатија што уследија по нејзиното тврдење за несовесно работење за тендерот за пречистителната станица во Скопје и оставката на директорот на „Водовод и канализација“ и меѓусебните обвинувања со ВМРО-ДПМНЕ.

Таа посочи дека смета оти станува збор за работи кои не треба да се премолчат и како што рече, одговорност ќе си понесе секој, а со резултатите коишто ќе бидат испорачани ќе се види дека всушност ништо не сме изгубиле.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button