ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Арсовска: Не сум политичар и нема да се занимавам со политика

Ниту сум политичар, ниту планирам да се занимавам со политика, рече во своето денешно обраќање кандидатката за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска, која освои најголем број гласови во првиот круг.

Во своето обраќање Арсовска им се заблагодари на партиите коишто ја поддржаа, односно ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците и Алтернатива, како и на невладините организации и на граѓаните на Скопје.

„Ги повикувам сите скопјани да ме поддржат како што ме подржаа во овој круг…Од прв ден кажав дека немам намера да се занимавам со политика. Ме поддржаа околу 20 политички субјекти, но и граѓански движења и невладини организации. Но, пред сѐ, сите што ме поддржаа се скопјани и за мене најважна е поддршката од Скопјани. Кажав дека ќе бидам градоначалник на сите нив и кажав дека не сум политичар, ниту ќе бидам политичар“, рече Арсовска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button