ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Артилериска граната од Првата светска војна пронајдена меѓу куќи во струшко Калишта

Неексплодирана артилериска граната од Првата светска војна е пронајдена кај селото Калишта во реонот на Општина Струга, соопшти денеска Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗИ).

Артилериската граната со калибар од 105 милиметри, како што информираат оттаму, била пронајдена деновиве при изведба на градежни работи во близина на кампот „Рино“ покрај Охридското Езеро, а се наоѓала во двор меѓу изградени куќи.

Advertisements

Неексплодираното убојно средство (НУС) било безбедно подигнато од страна на пиротехничар на Дирекцијата за заштита и спасување и транспортирано до место за складирање, по што ќе биде уништено.

Од Дирекцијата апелираат до граѓаните во случај кога ќе пронајдат неексплодирани убојни средства да не ги допираат и поместуваат, туку веднаш да се јават на единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК).

„По пријавата, надлежните институции и служби од Системот за управување со кризи, самостојно или комбинирано со стручни лица, ќе се погрижат безбедно да бидат отстранети или неутрализирани, односно да бидат уништени опасните пронајдени средства, согласно конкретните просторни услови, ситуации, а и карактеристики на опасните НУС“, се вели во соопштението од Дирекцијата за заштита и спасување.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button