ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Асоцијацијата на архитекти остро го критикува новиот Закон за урбанистичко планирање

Асоцијацијата на архитекти на Македонија го оцени како загрозување на урбанистичкиот поредок, новиот Закон за урбанистичко планирање, кој не беше потпишан од претседателот Стево Пендаровски минатиот викенд. Според нив, ова законско решение создава впечаток дека дивоградбите не се казнуваат и дека урбаниот хаос може да продолжи. Асоцијацијата бара во случај на одобрување на Законот во трето читање, тој да биде дополнет со одредба што ги обврзува институциите да продолжат со сите процедури за легализација кои биле суспендирани по што може да им се дадат градежни дозволи.

„Ова законско решение ги суспендира сите применливи акти за урбанистичко планирање кои се грижат за квалитетот на градбите, како и дава лош сигнал дека дивоградбите не се казнуваат. Ваквите законски решенија ги потценуваат сите професионални процедури од план до конструкција, нешто што мора да го гарантира правниот статус и статусот на безбедност на секоја конструкција. За време на изградбата, приватниот и јавниот интерес не смеат да се загрозат”, наведуваат од Асоцијацијата на архитекти на Македонија.

Претседателот Стево Пендаровски ја префрли одговорноста на Собранието и на политичките партии. Според него, доколку Законот биде одобрен, тој ќе го потпише како што е дефинирано со Уставот, но нема да биде задоволен доколку не бидат земени во предвид неговите забелешки.

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски изјави оти Законот не е потпишан, е создаден простор за нови предлози да бидат прифатени од експерти и да се вклучат во Законот, иако тој признава дека Законот бил на разгледување од 2019 година.

Невладината организација „Еко Герила“ покрена постапка за оценка на уставноста на законот пред Уставниот суд. Минатата недела Собранието ги изгласа измените и дополнувањата на Законот за урбанистичко планирање со консензус меѓу владата и опозицијата. Една од одредбите беше прекинување на кривичната постапка против физички и правни лица за дивоградби. Врз основа на тоа, претседателот Пендаровски не го потпиша Законот, тврдејќи дека предметната одредба вклучува амнестија што може да има правни последици во иднина. Законот е вратен во трето читање.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button