ЗДРАВСТВОСВЕТ

„Астра Зенека“ предизвикува посилни реакции по првата, а „Фајзер по втора доза

Искуствата покажуваат дека вакцинираните со „Астра Зенека“ имаат посилни реакции по првата примена доза, додека кај оние кои се вакцинираат со „Фајзер“ посилни реакции има по примањето на втората доза, пишува во анализа на хрватскиот портал „Индекс“.

Реакциите на вакцините се очекувани и во повеќето случаи се добар знак затоа што покажуваат дека одбранбениот механизам на организмот реагира на надворешните фактори, како што се вируси и бактерии, на начин што организмот развива антитела што всушност е и целта на вакцинацијата.

Најголемиот дел од реакциите на вакцините на „Астра Зенека“ и „Фајзер“ се благи и краткотрајни – вообичаено траат околу два дена. Реакциите вклучуваат болка на местото на аплицирање на вакцината, замор, болки во мускулите или главоболки. Ретки се реакциите на дијареја и повраќање, а уште поретки се алергиските реакции и згрутчување на крвта.

Вакцината на „Астра Зенека“,е направена од ослабена верзија на вирус на настинка (познат како аденовирус) од шимпанза. Изменет е да изгледа повеќе како коронавирус – аденовирус како вектор кој носи гени за С протеинот на САРС-Ков2 вирусот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button