МАКЕДОНИЈА

Атанасова: Да се образложи потребата од зголемување на бројот дополнителни работни часови

Постоечкиот закон за работни односи има неколку механизми коишто може да се применат ако има потреба за нешто да се заврши побрзо, вели во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, правничката Маја Атанасова. Говорејќи за предложените измени на законот за работни односи со кои би се овозможило зголемување на бројот на прекувремени работни часови, Атанасова вели:

„Зошто другите механизми коишто ги нуди законот за работни односи не се доволно добри, за да ги заштитат работниците од прекувремена работа. Имаме механизам наречен работа во смени, имаме прераспределба на работно време, имаме и можност за дополнително вработување ако има потреба за нешто што мора да се заврши…потребно ни е образложение, она што ќе ја оправда целта за зголемување на границата на прекувремени часови само за оваа група“, вели Атанасова.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button