КОШАРКАСПОРТ

Атланта само после породолжениото го победи актуелниот шампион

Кошаркарите на Атланта Хокс победија по продолжение против Бостон Селтикс со 119-115, и го направија најголемото изненадување на вечерта.

Треј Јанг со две слободни фрлања му донесе на својот тим продолежние, каде што неговиот тим беше подобар и успеаја да ги изненадат најдобрите  во НБА Лигата. Јанг постигна 28 поени и 11 асситенции.

Интересен натпревар одиграа и Голден Стејт и Вашингтон. Ако во првите три четвртини Вашингтон беше подобар противник, и водеше главно во текот на целиот тој период, во последната четвртина Голден Стејт успеа да направи пресврт и да слави на крај со 122-114.

Вигинс и Кари го водеа тимот на Голден Стејт до оваа победа, додека најефикасен на мечот беше Пул со 38 поени.

 

НБА, РЕЗУЛТАТИ

Бостон – Атланта 115:119 (104:104)
Индијана – Филаделфија 115:102
Голден Стејт – Вашингтон 122:114
Минесота – Кливленд 117:124
Портланд – Хјустон 103:125

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button