СПОРТ

Атлетика – нов светски рекорд на трката на 10.000 метри

28 – годишната холандска атлетичарка, Сифан Хасан, постави нов светски рекорд на трката на 10.000 метри. Таа забележа време од 29 минути, 6 секунди и 82 стотинки и го подобри за 10 секунди времето поставено на Олимписките игри „Рио 2016“ од Алмаз Ајана од Етиопија. Рекордот беше поставен во Хенгело, Холандија, на „Златната“ фаза од „Континентална турнеја“, каде Сифан Хасан имаше одличен настап на патеката. Таа се одвои по третиот километар и се тркаше сама, одржувајќи извонредно темпо. Да потсетиме, 28-годишната атлетичарка го држи и рекордот на трката на 1.500 метри.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button