ВЕСТИСВЕТ

Австралиска авиокомпанија бара: Сите патници мора да се вакцинираат против ковид-19!

Австралиската авиокомпанија „Квантас“ во иднина ќе инсистира меѓународните патници да бидат вакцинирани против ковид-19 пред летот, опишувајќи ја мерката како „неопходна“.

„Ги менуваме условите и ќе побараме меѓународните патници да бидат вакцинирани пред летот“, изјавил извршниот директор Алан Џојс за австралискиот „Канал девет“.

„Сметаме дека ова е дефинитивно потребно кога станува збор за меѓународни посетители и луѓе кои ја напуштаат земјата“, додал тој.

Австралија ги затвори своите меѓународни граници во март за време на првиот бран на пандемијата и бара повратниците од странство да останат во карантин две недели.

Австралиската држава Викторија, која беше епицентар на епидемијата во земјата, во вторникот соопшти дека нема активни случаи на коронавирус, првпат по повеќе од 8 месеци и е на пат да го елиминира вирусот.

Во втората по бројност земја во Австралија, нема нови случаи 25-ти ден по ред, а воспоставени се ограничувања во јавниот превоз и голем број на компании се затворија по врвот на инфекцијата на почетокот на август со повеќе од 700 дневни случаи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button